Првиот носител на грен слем турнирот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ, го совлада Жил Милер со 6:4, 7:5, 7:5 и се пласира во четвртфиналето. Ѓоковиќ во Мелбурн сеуште нема загубено сет, а ова му е 23-то последовно четвртфинале на грен слем турнирите.
Ѓоковиќ не блескаше против Милер, но сепак без поголеми проблеми забележа максимална победа против 31-годишниот тенисер од Луксембург.
Српскиот тенисер во секој сет направи по еден брејк, додека четири пати се соочи со брејк и тоа во шестиот гем од третиот сет, но успеа да го одбрани својот сервис.
Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Милош Раониќ, кој претходно во маратонски меч со 3:2 го совлада Фелисијано Лопез.
„Макфакс“