Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги комплетираше титулите од гренд слем турнирите откако во својата колекција го додаде трофејот од Роланд Гарос кој недостасуваше.


Во големото финале на францускиот гренд слем турнир српскиот тенисер го совлада својот голем пријател Енди Мареј во четири сетови (3-6, 6-1, 6-2, 6-4).


Новиот шампион на Роланд Гарос, Ѓоковиќ не го започна најдобро финалето што Мареј го искористи и го доби првиот сет со 6-3.

Губењето на првиот сет го отрезна Ѓоковиќ кој за 36 минути го изедначи резултатот, а во третиот сет за 47 минути го презеде водството.


Во четвртиот сет со одлична игра Ѓоковиќ стигна до 5-2, но жилавиот Мареј освои два гема и се врати во игра.


Популарниот „ноле“ на свој сервис не погреши втор пат и стигна до толку посакуваната титулата од Роланд Гарос.

Србинот, претходно шест пати триумфираше на турнирот во Австралија, три пати на УС Опен и два пати на Вимболдон.

Мх.П.