Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победата на Австралија Опен ја освои единаесеттата гренд слем титулата во кариерата и направи нов чекор напред на вечната листа во „белиот спорт“.


Ѓоковиќ со 11 титули влезе во друштво на Австралијанецот Род Лејвер и Бјорн Борг, пред него е Рој Емерсон со 12 трофеи, а после него се Пит Сампрас и Рафа Надал со 14 титули.


Ако водечкиот тенисер продолжи со ова темпо и годинава може да се изедначи со Американецот и Шпанецот, а веќе следната да ги помине на вечната листа.

Со шестата титула во Мелбурн, Ѓоковиќ се израмни со најуспешниот тенисер на сите времиња на австралискиот гренд слем турнир Роj Емерсон кој победувач од 1961 до 1967 година.


На вечната листа во тенисот со 17 титули води Рожер Федерер кој полека, но сигурно влегува во залезот на својата брилијатна кариера.

Мх.П.