Деветкратниот освојувач на трофејот на гренд слем турнирот Роланд Гарос, Рафаел Надал во 1/4 финалето ќе се сретне со најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.
Шпанецот во дуелот со лутиот ривал покрај титулата ќе ја брани и честа бидејќи со пораз за прв пат по десет години ќе биде надвор од најдобрата десетка во светот.
Надал моментално се наоѓа на седмата позиција на АТП рејтинг листата и ги брани поените од минатата година добиени по освојување на титулата.
И српскиот тенисер има свои императиви пред четвртфиналниот дуел. Ѓоковиќ ќе стане првиот тенисер во 21 век што ги освоил воведните два гренд слем турнири во новата сезона.
Ohridnews