Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ го одбрани тронот во Мајами победувајќи го Енди Мареј со 2-1 во сетови (7-6, 4-6, 6-0) во финалето.
Во двата сета по кои на семафарот стоеше 1-1 се водеше изедначена борба и решаваа мали нијанси околу поените.
Српскиот тенисер во финалниот трет сет одигра маестрално добивајќи го за 43 минути без загубен гем.
За водечкиот светски тенисер ова беше петти трофеј вкупно на АТП турнирот во Мајами.
Мх.П.