Вториот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ го одреди тренерот со кој ќе ги започне подготовките за новата сезона. Одлуката на падна на Маријан Ванда, кој и претходно беше во стручниот штаб на Србинот.
Стручниот штаб на Ѓоковиќ остана без првиот човек, Борис Бекер кој спогодбено ја раскина соработката со српскиот тенисер.
За наследници на Бекер се споменуваа, Пит Сампрас, Андре Агаси и Џон Мекинро, но Ѓоковиќ се одлучи за човекот кој седум години беше на чело на тимот.
Ѓоковиќ со Ванда во стручниот штаб освои шест од своите Гренд слем титули, но со Бекер ја освои толку посакуваната титула од Ролан Гарос која ме недостасуваше во колекцијата.
OhridNews