Францускиот гренд слем турнир Роланд Гарос ќе добие нов шампион откако Новак Ѓоковиќ во 1/4 финалето го „збриша“ стариот Рафаел Надал.


Светскиот рекет број еден одигра фантастичен натпревар и во три сетови (7:5, 6:3, 6:1) го совлада „кралот на земјата“, кој немаше пораз на Роланд Гарос од 2009 година.

Со убедливиот триумф популарниот „Ноле“ му врати на Надал за двата порази во финалните натпревари во минатото на Роланд Гарос.

Титулата од францускиот гренд слем турнир е единствената што му недостига на Ѓоковиќ во колекцијата, а по елиминацијата на Надал отворен е патот до комплетирање на истата.

Мх.П.