Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето од Австралија Опен победувајќи го актуелниот првак Стас Вавринка со 3-2 во сетови (7-6, 3-6, 6-4, 4-6, 6-0).


Во полуфиналната пресметка се водеше жестока битка исклучувајќи го последниот петти сет каде доминираше српскиот тенисер, кој и беше пресуден за патникот во финалето.

Во финалето против Енди Мареј популарниот „ноле“ ќе атакува на петтата титула по четири освоени 2008, 2011, 2012 и 2013 година.

Мх.П.