Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ја забележа втората победа на АТП турнирот во Лондон победувајќи го Станислас Вавринка 2-0 во сетови (6-3, 6-0).


Швајцарецот одлично го започна мечот освојувајќи гем на сервис од српскиот тенисер, а веднаш потоа и уште еден за водство од 2-0.

Но, тогаш популарниот Ноле се разбуди и со пет гема во серија практично го реши првиот сет.

Ѓоковиќ во вториот сет ја преслика играта од првиот и за 24 минути го „преслуша“ швајцарскиот тенисер.

Во вториот дуел од групата Томаш Бердрих со 2-0 во сетови (6-3, 6-1) го совлада Марин Чилиќ.

Мх.П.