Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ претрпе неочекуван пораз од хрватскиот тенисер Иво Карловиќ во четвтртфиналето на турнирот во Доха.
35-годишниот тенисер во три сетови 6-7, 7-6, 6-4 успеа да го победи Ѓоковиќ и да се пласира во полуфиналето.
– Не играв како што треба, играв премногу дефанзивно. Го удирав топчето колку да го вратам во противничкото поле и немав конкретни удари – рече Ѓоковиќ.
Во полуфиналето Карловиќ ќе се сретне со Шпанецот, Давид Ферер додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Томаш Бердих и Андреас Сепи.
Мх.П.