Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ го освои јубилејниот 60-ти трофеј во својата кариера прв сезонава победувајќи на АТП турнирот во Доха. Во финалето српскиот тенисер го уништи големиот ривал Рафаел Надал со 2-0 во сетови (6:1, 6:2) во меч кој траеше еден час и 14 минути.


Со освојувањето на трофејот Ѓоковиќ ја поправи грешката од минатата сезона кога потклекна во 1/4 финалето пред Иво Карловиќ.

Ѓоковиќ за победата на турнирот во главниот град од Катар ќе инкасира 200.000 долари и 250 поени на АТП листата, а Надал 105.000 долари и 150 бодови.

Мх.П.