Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ го збриша со 2-0 во сетови (6-1, 6-1) хрватскиот тенисер Марин Чилиќ на завршниот турнир во Лондон.

На српскиот тенисер му беа доволни 57 минути да ја забележи првата победа на последниот турнир од АТП листата.

Идентична победа во гемови и сетови како Ѓоковиќ забележа и Станислас Вавринка над чешкиот тенисер Томаш Бердрих.

На првиот ден од турнирот во Лондон победа славеа и Рожер Федерер и Каи Нишикори.

Мх.П.