Новак Ѓоковиќ ја освои шестата титула на АТП турнирот во кинескиот град Пекинг совладувајќи го големиот ривал Рафаел Надал со 2-0 во сетови (6-2, 6-2).


Шпанскиот тенисер во првиот сет при 3-2 негатива не искористи две гем топки и го загуби гемот, а потоа и сетот.

Ѓоковиќ, психолошката предност ја искористи во вториот сет и лесно се справуваше со обидите на Надал да се врати во игра.

Во нешто повеќе од час и половина Ѓоковиќ извојува победа вкупно 22 во меѓусебните дуели со шпанскиот тенисер.

Мх.П