Првиот светскиот рекет Новак Ѓоковиќ го „збриша“ Фернандо Вердско победувајќи го со 3-0 во сетови (7-6, 6-3, 6-4) и се пласираше во осминафиналето.


Иако Шпанецот беше совладан и елиминиран во три сетови сепак му пружи солиден отпор на српскиот тенисер, кој навидум стигна до лесен триумф.

Деветта година во низа Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето, а таму ќе се сретне со Џилес Милер од Луксембург.

Мх.П.