Новак Ѓоковиќ и понатаму се наоѓа на првото место на АТП листата, а од оваа недела најблиску до него е Швајцарецот Роџер Федерер, кој на втората позиција го мина Рафаел Надал.
Федерер кој го освои Мастерсот во Шангај на АТП листата има 1.430 бодови помалку од Ѓоковиќ, до крајот на сезоната овие двајца ќе се борат за првото место.
Ѓоковиќ да крајот на сезоната ќе игра на турнирите во Париз и Лондон, каде ќе настапи и Федерер, кој исто така го најави учеството и на турнирот во Базел.
Српскиот тенисер на чело на листата има 11.510 бодови, Федерер е втор со 9.080, а Надал е трет со 8.105. Зад најдобрите тројца се наоѓа Станислас Вавринка, кој како и првите тројца на АТП листата веќе го обезбеди настапот на завршниот Мастерс.
По Вавринка на листата следуваат Давид Ферер, Кеи Нишикори и Томаш Бердих. Шампионот од УС Опен, Марин Чилиќ напредуваше за една позиција и сега на осмото место, додека деветти е Милош Раониќ. Бугаринот Григопр Димитров ја комплетира листата на 10-те најдобри светски тенисери.
„Макфакс“