Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ во финалето од АТП турнирот во Мајами силите ќе ги одмери со Енди Мареј.


Во полуфиналните натпревари Ѓоковиќ и Мареј ги совладаа Џон Изнер односно Томаш Бердрих со идентични 2-0 во сетови.

Финалето во Мајами ќе биде трето соочување на Ѓоковиќ и Мари оваа година, Србинот победи претходно во финалето во Мелбурн и во полуфиналето во Индијан Велс. Во меѓусебните дуели српскиот тенисер води со 17:8.

Во финалниот меч Ѓоковиќ ќе се бори за својата петта, а Мари за третата титулата на Мастерсот во Мајами.

Ohridnews