Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ и третиот носител на АТП листата, Стен Вавринка ќе се судрат во финалето на америчкиот гренд слем турнир, УС Опен.
Ѓоковиќ и Вавринка со идентични 3-1 во сетови ги совладаа своите противници во полуфиналето Гаел Монфилс односно Кеи Нишикори.
Српскиот тенисер имаше тешка криза во мечот со Французинот кој во третиот сет успеа да намали на 2-1. Ѓоковиќ во четвртиот сет се консолидираше ја смири топката и го спроведе мечот во рутинска завршница за победа и ново финале.
Швајцарецот, пак, со пресврт успеа да го совлада Нишикори кој поведе со 1-0. Во вториот сет по тешка борба Вавринка изедначи, а доминирајќи со темпото и играта тој ги освои третиот и четвртиот сет за пласман во големото финале.
Финалето во машкиот дел на УС Опен се игра в недела во 22 часот, а денеска на програмата е финалето во женска конкуренција.
Мх.П.