Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата го совлада Доминик Тим во осмифиналето (6-3, 6-4) и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на турнирот во Мајами.


Во деветтиот гем од првиот сет гледачите во Мајами го исвиркаа српскиот тенисер откако по загубен поен побара челенџ за прегледување на истиот.

Додека се чекаше видео анализиата, гледачите го исвиркаа, а Ѓоковиќ беше во право и со тој поен изедначи на 40-40, за подоцна да го зеде гемот и сетот против Тим.

Противник на Ѓоковиќ во 1/4 финалето ќе му биде Томаш Бердрих. Србинот има скор од 22 победи и 2 порази против седмопласираниот тенисер во светскиот поредок.

OhridNews