Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на мастерс турнирот во Париз. Тој во финалето го совлада Милош Раониќ со 2-0 (6-2, 6-3) во сетови.
Третата титула од главниот град на Франција српскиот тенисер ја освои за сат и 24 минути без некој поголем отпор од Канаѓанецот.
Со оваа титула Ѓоковиќ им се придружи на Борис Бекер и Марит Сафин кои исто така имаат по три триумфи на теренот во Париз.
Мх.П.