Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го брани тронот во Мајами откако преку Давид Гофан обезбеди пласман во финалето.


Ѓоковиќ во полуфиналето во два сетови го совлада Гофан (7:6 (7:5), 6:4) кој на најдобриот тенисер му пружи силен отпор.

Популарниот „Ноле“ трет во низаа а седми пат вкупно ќе игра во финалниот меч на Мајами и ќе атакува на шестиот трофеј.

Шест пат на победничкиот пиедестал во Мајами се има качувано само Андре Агаси, а Ѓоковиќ ќе има можност да се изедначи со легендарниот американски тенисер.

Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе му биде подобриот од вториот полуфинале дуел меѓу Киргијос – Нишикори.

OhridNews