Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во 1/2 финалето од Роланд Гарос победувајќи го Томаш Бердих во три сетови (6-3, 7-5, 6-3).
Српскиот тенисер со триумфот во 1/4 финалето ја продолжи одличната серија против Чехот и се пласираше во осмото полуфинале на францускиот гренд слем турнир.
Противникот на најдобриот светски рекет во 1/2 финалето ќе биде Доминик Тим кој во 1/4 финалето славеше против Белгиецот, Гофин во четири сетови (4-6, 7-6, 6-4, 6-1).
Во вториот полуфинален дуел на Роланд Гарос ќе се сретнат Енди Мареј и Стен Вавринка.
OhridNews