Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му нанесе болен пораз на Рафаел Надал на Роланд Гарос како никогаш до сега. Во четвртфиналето Ѓоковиќ славеше со 3-0 во сетови и обезбеди натпревар со Енди Мареј во 1/2 финалето.


– Не е мала работа да го победиш вака убедливо Надал на негов терен. Но, од утре ако можам и од сега што побргу да го заборавам овој меч бидејќи се работи само за четвртфинале. Што се однесува до мечот, реализирав се што имав замислесно со тренерот. Едноствано одигра совршено. Многу во тоа ми олесна и Надал, кој не играше на нивото што го очекував. – рече Ѓоковиќ.


Надал беше рамноправен противник во првиот сет, кој го загуби 7-5, а во вториот и третиот немаше сила да се носи со разиграниот Ѓоковиќ.

Ohridnews