Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во 1/4 финалето на Роџер турнирот во Торонто победувајќи го Радек Степанек во два сетови (6-2, 6-4) во осминафиналето.


Во текот на мечот двајцата тенисери разменуваа погледи и провокации. Ѓоковиќ по еден победен поен отсвири симфонија со својот тениски рекет кој го употреби како виолина.

– Уживав во мечот играјќи со Радек кој е одличен тенисер и забавувач. Не е лесно да играте против тенисер кој го знаете и почитувате толку многу. – рече Ѓоковиќ после мечот.


Противник на Србинот во 1/4 финалето ќе му биде чешкиот тенисер Томаш Бердих кој не може да се пофали со позитивен биланс против Ѓоковиќ.

OhridNews