Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата го совлада Николас Алмагро во три сетови (6-1, 4-6, 7-5) и обезбеди пласман во третата рунда на АТП турнирот во Мадрид.


Бранителот на трофејот во Мадрид перфектно го започна мечот и со 6-1 го доби првиот сет, после кој сите очекуваат лесен триумф на српскиот тенисер.

Ѓоковиќ влезе во серија грешки, самодовербата кај Алмагро се подигна и искористувајќи ги сите можности израмни 1-1 во сетови.

Решавачкиот сет Алмагро го започна со водство 3-0, но Ѓоковоќ се „освести“ и покажа зошто две години беше број еден и неприкосновен во „белиот спорт“.

Српскиот тенисер кој два пати го има освојувано пехарот во Мадрид во третата рунда ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Жил Симон – Фелисијано Лопез.

OhridNews