Некогашниот најдобар тенисер, Новак Ѓоковиќ најави подолга пауза од тенисот. Српскиот тенисер поради повреда на лакотот го предаде четвртфиналниот дуел со Томаш Бердих на грен слем турнирот, Вимблдон.

Трикратниот освојувач на титулата на Вимблдон веднаш после мечот со Бердих најави пауза за што подобро да се опорави и подготви за следните предизвици.

Не е во прашање рамото, како што се пишува, туку лактот кој ме мачи речиси 18 месеци. Се обидов да бидам максимално подготвен за игра, пред мечот два и пол часа бев на третман. Не помогна ништо. Половина час играв со неподносливи болки. – изјави Ѓоковиќ и додаде околу паузата – Тоа што играв ден за ден не ми помогна, но тоа е ситуација што морам да ја прифатам. На секој спортист му е тешко кога мора да го предаде мечот, особено кога игра добро, а јас тука играв најдобро во последните 10 месеци. Јасно е дека ќе морам да го менувам распоредот на турнирите, а сè уште не знам дали ќе мора да одам на операција. Долго време не сум почувствувал ваква болка.

Српскиот тенисер последниве година дена не само што ја испушти првата позиција на АТП листата туку забележува константен пад на формата. 

OhridNews