Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер непријатно го изненади тенискиот свет донесувајќи одлука да го прескокне францускиот грен слем турнир, Ролан Гарос.
Одлуката на Федерер според српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не е случајна, туку донесона после длабоки анализи.
– Федерер донесе многу паметна и правила одлуака. Тој и неговиот стручен штаб добро знаат што и како прават. Јас лично не сум изненаден од одлуката, бидејќи одигра голем број на мечеви од почетокот на сезоната. Исто така морам да потенцираме дека Федерер подобро се снаоѓа на брза подлога и убеден сум дека сите сили ќе ги чува за Грен слем турнирот во Вимболдон. – изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ и останатите тенисери се натпреваруваат во Рим, а Србинот во 1/4 финалето ќе се сретне со Хуан мартин дел Потро.
OhridNews