Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ се фокусира на Ролан Гарос, кој е единствен од гренд слем турнирите каде српскиот тенисер се уште го нема освоено трофејот.
Иако „ноле“ годината ја започна со победа на Австралија Опен, сепак тој фаворитската улога му ја препушта на Рафаел Надал, кој царува во Париз.
– Надал е најголем фаворит за трофејот во Париз. Тој во неговата кариера само еднаш има претрпено пораз на Ролан Гарос што е импресивен рекорд за историја – рече Ѓоковиќ.
Со епитетот рекет број еден Ѓоковиќ ќе биде втор фаворит за трофејот веднаш зад Надал.
– Мојата филозофија е едноставна, живеам цврсто со двете нозе во сегашноста. Сите поминуваат низ физички кризи и губат концетрација поради грешки во минатото. Ментално се стално измеѓу минатото и сегашноста, а битката треба да се добие во сегашноста – потенцираше Ѓоковиќ.
Мх.П.