Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ во три сетови (6-4, 6-4, 6-4) го совлада хрватскиот тенисер Марин Чилиќ и обезбеди пласман во полуфиналето.
Ѓоковиќ во дуелот со Чилиќ покажа сила и моќ иако тенис игра активно три дена. Тој во два дена во маратонскиот натпревар во пет сетови го победи Андерсон, а исцрпувачкиот меч не остави ниту малку белег на играта.
Покрај водечкиот тенисер на АТП листата пласман во полуфиналето обезбедија Енди Мареј и Рожер Федерер победувајќи ги Посписил (3-0) односно Симон (3-0).
Полуфиналистите на Вимболдон ќе се комплетираат по завршување на мечот меѓу Гаскет и Вавринка.
Ohridnews