На најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, пред осум години му биле понудени 100.000 долари за да намести меч, пренесува „US Today“. Српскиот тенисер понудата ја одбил, но нагласил дека иако голем број од тенисерите не ни помислува на такво нешто, дека реалноста е многу поинаква.
Во време кога Новак Ѓоковиќ ја добил понудата обложувањето не било толку распространето, но во меѓувреме состојбите значително се промениле.
„За жал постои голем број на можности за да стигнете до тенисерите. Секој може да пристапи до просториите, зградите во кои вообичаено се кријат тенисерите и каде се водат разговори за повредите и други слични работи“, рекол Ѓоковиќ пренесува „Макфакс“.
Во овој момент не е познато колку е голем проблемот со местењето на тениски мечеви, но сигурно е дека тој станува сериозен. Од 2008 година, кога е формирана Единицата за тениски интегритет, изречени се 11 суспензии од кои пет беа доживотни.
Ohridnews