Вториот рекет во светскиот поредок, Новак Ѓоковиќ со титулата од мастер турнирот во Доха, Катар ја започна новата година и натпреварувачка сезона.


Српскиот тенисер во финалето по три сетови игра го совладаа најдобриот тенисер во светот, Енди Мареј.

– Последниве три месеци не се чувствував самоуверен на теренот, затоа ми требаше ваква победа која е од големо значење за мене. Се надевам, дека оваа победа над најдобриот тенисер во светот ќе биде почеток на една совршена сезона за мене и мојот тим. – изјави Ѓоковиќ.


Ѓоковиќ во финалето ја забележа 25-та над Мареј, а во клубот 25 уште се наоѓаат Рафа Надал и Томаш Бердих.

Фантастичното финале во Доха за Новак Ѓоковиќ

OhridNews