На 39 целзиусови степени Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-1, 6-3) го совлада Гаел Монфис и обезбеди пласман во следната рунда на грен слем турнирот Австралија Опен.

Ѓоковиќ до 15-та победа во меѓусебните пресметки со Монфис дојде со пресврт, откако го загуби првиот сет. Во текот на дуелот двата тенисери побара пауза поради топлото и неподносливото време.

– Двајцата „патевме“ од условите за игра кои во најмала рака беа брутални. Во мечот влегов со мисла дека повеќе ќе се борам со условите отколку со Монфис. Тој е неверојатен тенисер со најголеми атлетски способности меѓу нас. Дури во вториот сет успеав да го најдам рецептот за поени и дојдов до егал. Тој после падна, јас го искористив и го добив третиот сет, а во четвртиот малку фалеше да замине во негова корист. – изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер на задоволство од навивачите во Мелбурн ја санираше повредата на лакотот која од терените го оддалечи цели шест месеци.

OhridNews