Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето на завршниот мастерс турнир откако во полуфиналето го совлада Рафаел Надал во два сетови (6-3, 6-3).


Српскиот тенисер брилираше во текот на целиот натпревар. Во вториот гем од првиот сет успеа да направи брејк, потоа направи уште еден за 1-0 во сетови. 

Петтиот гем во вториот сет го одлучи победникот. Ѓоковиќ со брејк побегна на 3-2, а до крајот ја задржа предноста на сервис и извојува победа над лутиот ривал Надал.

Во финалето противник на рекетот број еден ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Рожер Федерер и Стен Вавринка.

Ohridnews