Вториот рекет во светскиот поредок, Новак Ѓоковиќ пријатно ги изенанди организаторите на турнирот во Акапулко, Мексико, откако побара „вајлд карта“ за учество. Очекувано, одговорот беше позитивен и српскиот тенисер прв пат ќе настапи на турнирот.


Организаторите на турнирот од 500 серијата не го криеја заводоволството и информацијата ја преноса на социјалните мрежи.

– Фантастични вести имаме за нашиот турнир и нашите посетители. На турнирот ќе ни дојди рекетот број два кој е омилен во нашата публика. Ќе биде вистинско задоволство да се гледа Ѓоковиќ одблиску. – стои во соопшението од мексиканскиот турнир.

За Ѓоковиќ учеството на турнирот Мексико ќе биде трето сезонава. Претходно српскиот тенисер настапуваше во Доха и на грен слемот во Австралија.

OhridNews