Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ во финалето од мастерс турнирот во Монте Карло ќе се сретне со шпанскиот тенисер Рафаел Надал.

Двајцата тенисери лесно ги минаа противниците во 1/2 финалето. Ѓоковиќ за само 52 минути го совлада Фабио Фонињи со 2-0 во сетови (6-2, 6-1) додека Надал со 2-0 триумфираше над Цонга (6-3, 7-6).

На Србинот од мастерс турнирите му недостига титулата од Монте Карло, а минатата година загуби во финалето од Надал.

Мх.П.