Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и канадскиот Милош Раониќ ќе ги одмерат силите во финалето на мастерс турнирот во Париз.


Рекетот број еден Ѓоковиќ во полуфиналната пресметка го совлада јапонецот Нишикори со 2-0 (6-2, 6-3) во сетови.

Раониќ за пласман во финалето го победи Чехот, Томаш Бердрих во возбудлив меч, кој заврши во три сетови (6-3, 3-6, 7-5).

Финалето на францускиот турнир од мастерс серијата се игра во 15 часот.

Мх.П.