Двата најдобри светски рекети Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер ќе се сретнат во финалето од АТП турнирот во Дубаи.
Во полуфиналето српскиот тенисер потешко од очекувањата го совлада Чехот, Томаш Бердрих со 2-1 во сетови (6-0,5-7,6-4).
Претходно, Швајцарецот во полуфиналето го „среди“ хрватскиот тенисер Борна Чориќ со 2-0 во сетови.
Финалето во Дубаи ќе биде 37-та пресметка меѓу Федерер и Ѓоковиќ, а првиот има предност од 19-17.
Мх.П.