Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со писмо до јавноста се извини за изјавите дадени после финалето на мастерс турнирот во Калифорнија. Ѓоковиќ изјави дека тенисерите можеби треба да заработуваат повеќе од тенисерските.


Лавината тргна од директорот на АТП мастерс турнирот, Рејмонд Мур кој изјави дека тенисерките се „шлепаат“ на грбот од тенисерите. Мур по три денови од финалето поднесе оставка, a колегите и колешките го нападнаа Ѓоковиќ.

– Како што знаете, искрено посакувам професионалниот тенис и натаму да се развива и кога тоа го велам во глава ми се интересите на сите играчи. Поради тенисот и се ова што сум денеска, почувствував потреба да го кажам својот став за почесна и подобра дистрибуција на наградните фондови. Заедно треба да се бориме за подобри услови за сите играчи. Последно што имав на ум е мојот став да се претвори во борба на половите и приказни за разлика на награди, затоа што мојот став е дека сите тенисери и тенисерки треба да бидат еднакво наградени за својата игра и напорите кои ги вложуваат. Тоа е тоа што искрено го мислам на оваа тема, и се извинувам на сите оние кои ме разбраа на поинаков начин. – напиша во писмото Србинот.

Енди Мареј, Серена Вилијамс и Мартина Навратилова беа најгласни во нападите кон Ѓоковиќ кој одлучи да ја легна топката со извинување.

OhridNews