Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата го совлада Михаил Кукушкин со 2-1 во сетови и обезбеди пласман во четвртфиналето од мастерсот во Шангај.

Казакстанецот успеа да се врати во игра откако го освои вториот сет, па го примора српскиот тенисер да одигра уште „непланиран“ сет.

Во четвртфиналето популарниот „Ноле“ ќе се сретне со Давид Ферер, кој во осминафиналната пресметка го совлада Енди Мареј со 2-1.

Шпанскиот тенисер Фелисијано Лопез по победата над Надал забележа уште една победа и тоа над Џон Изнер.

Мх.П.