Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на УС Опен совладувајќи го Фелисијан Лопез во 1/4 финалето во четири сетови (6:1, 3:6, 6:3, 7:6).
Победата во четвртфиналето за Ѓоковиќ е 205-та на грен слем турнирите, а таа го одведе во деветтото полуфинале во низа на американскиот турнир.
Шпанецот на водечкиот тенисер во светот му пружи добар отпор. Лопез успеа да му освои еден сет и го натера Ѓоковиќ да даде максимум за победа.
Во 1/2 финалето Ѓоковиќ ќе се сретне со бранителот на трофејот Марин Чилиќ кој во 1/4 финале го совлада Жо Филфред Цонга.