Новак Ѓоковиќ по триумфот на првиот Грен слем во сезоната ја зголеми предноста на АТП листата во однос на ривалите. Ѓоковиќ го подобри својот резултат во однос на минатата година кога испадна во четвртфиналето, додека Роџер Федерер лани играше во полуфиналето, а оваа година беше елиминиран во третото коло.
Титулата во Мелбурн на Ѓоковиќ му донесе 2.000 АТП поени (избришани му се минатогодишните 360 колку што добиваат четвртфиналистите), додека Федерер бранаше 720 поени, но успеа да освои само 90.
Од друга страна во Топ 10 на АТП листата се случија четири промени. Шампионот во Мелбурн од 2014 година Станислас Вавринка не ја одбрани титулата и од четвртото падна на деветтото место. За два места напредуваше овогодишниот финалист Енди Мари, од шестото на четвртото место, а прогрес од две места, од осмото на шестото направи и Милош Раониќ.
Скок од едно место, иако поради повреда не настапи во Мелбурн, направи и Марин Чилиќ, кој сега се наоѓа на осмата позиција на листата.
АТП листа, Топ 10:
1. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 13.045 бода
2. Роџер Федерер (Швајцарија) – 9.245
3. Рафаел Надал (Шпанија) – 5.745
4. Енди Мари (Велика Британија) – 5.515
5. Кеи Нишикори (Јапонија) – 5.205
6. Милош Раониќ (Канада) – 4.845
7. Томаш Бердих (Чешка) – 4.660
8. Марин Чилиќ (Хрватска) – 4.150
9. Станислас Вавринка (Швајцарија) – 4.090
10. Давид Ферер (Шпанија) – 3.965.
„Макфакс“