Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој се рехабилитира од повредата на лакoтот на тениските терени ќе се врати за егзибицијата во Монте Карло, која му претходи на Мастерс турнирот кој се одржува во овој град.


Ѓоковиќ кој на претходните два турнири испаѓаше во осминафиналето, поради повреда на лакoтот го пропушта Мастерсот во Мајами, но ќе биде подготвен за турнирот во „малото кнежевство“.

Оваа информација ја потврди француската новинарка Керол Бушар, која прва објави дека Србинот нема да игра во Мајами. Покрај Ѓоковиќ на егзибицијата ќе учествуваат Марин Чилиќ, Григор Димитров и Александар Зверев.

Ѓоковиќ е двократен победник на Мастерсот во Монте Карло, а оваа сезона тој ќе брани само 10 поени бидејќи лани испадна во второто коло од Јиржи Весели.

Мастерсот во Монте Карло ќе го пропушти Роџер Федерер, додека настапот на Кеи Нишикори е неизвесен. Турнирот во Монте Карло на програмата е од 15 до 23 април.

OhridNews