Австралискиот грен слем турнир ќе добие нов шампион, откако бранителот на трофејот од минатата година Новак Ѓоковиќ во второто коло го заврши натпреварувањето.


Српскиот тенисер неочекувано и сензационално претрпе пораз од Узбекистанецот, Денис Истомин во пет сетови (7-6, 5-7, 2-6, 7-6, 6-4) по нецели пет часови игра.

117-от играч на АТП листата одигра маестралан натпревар, наспроти шесткратниот шампион на АО Опен, Ѓоковиќ кој уште еднаш потфрли.

Истомин го доби првиот сет во тај брејк, а Ѓоковиќ во колосек ги донесе работите победувајќи во вториот и трет сет.

После тај брејк Истомин го изедначи резултатот, и во петтиот го издржа притисокот од Ѓоковиќ и ја забележа највредната победа во својата кариера.

OhridNews