Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ во второто коло го заврши настапот на АТП турнирот во Монте Карло откако претрпе пораз во три сетови (6-4, 2-6, 6-4) од Јиржи Весели.


Педесет и петтиот тенисер во светот со маестралната игра го натера Ѓоковиќ да го има најлошиот ден во тенисот последниве неколку години.

Србинот влегуваше од грешка во грешка, а 23-годишниот тенисер вешто со поени го користеше тоа и ја забележа најголемата победа во кариерата. 

OhridNews