Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со освојувањето на титулата од Роланд Гарос си обезбеди место меѓу бесмртните тенисери кои ги имаат освоено сите четири титули од Гренд слем турнирите.


Рекетот број еден по последниот поен прво падна на земја, а потоа легна на срцето кое нацрта на теренот. Ѓоковиќ го преслика срцето од Густаво Куертен кој прв на ваков начин ја прослави победата во Париз.


– Разговарав со Гуго пред мечот и го прашав дали можам да го пресликам неговото славје ако го освојам трофејот. Цртањето на срцето на теренот е најдоброто славје кое јас го имам видено некогаш. – рече Ѓоковиќ после мечот.

Со трофејот од Роланд Гарос најдобриот светски тенисер стигна до 12-от вкупно во кариерата и се искачи на четвртата позиција на вечната листа. Неприкосновен лидер на листата е Рожер Федерер кој има 17 титулите од најпрестижните тениски турнири.

Ѓоковиќ ги комплетираше титулите од гренд слем турнирите !

OhridNews