Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ по само два одиграни гема во 1/4 финалето обезбеди пласман меѓу најдобрите четири на УС Опен, откако неговиот противник Жо Филфред Цонга го предаде натпреварот.


Пред повлекувањето на Французинот од теренот, Ѓоковиќ имаше предност 2-0 во сетови добивајќи ги со убедливи 6-3 и 6-2.

За популарниот „ноле“ ова е десетти пласман во полуфиналето на УС Опен, а таму го очекува Гаел Монфилс кој во три сетови го совлада својот сонародник Лукас Поулие.


Ѓоковиќ на три мечеви на америчкиот гренд слем турнир победи и пласман понатаму обезбеди со предавање на мечот од противникот.


Српскиот тенисер без борба го помина Јиржи Весели, потоа мечот му го предаде Михаил Јужни, а сега и Цонга кој го елиминираше на Олимписките игри во Рио.

Другата полуфинална двојка ќе ја комплетираат победниците од Нишикори – Мареј и Дел Потро – Вавринка.

OhridNews