Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победа против Германецот, Филип Колшрајбер со 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-4) ја започна одбраната на титулата на гренд слем турнирот Вимболдон.
На главниот терен на најстариот гренд слем турнир светскиот рекет број еден доминираше во трите сетови кои ги доби на идентичен начин со брејк во десеттиот гем.
Лесниот и убедливиот триумф на Ѓоковиќ е само најава за она што следува во понатамошната фаза од англискиот гренд слем турнир.
Завршените натпревари од првиот ден поминаа без поголеми изненадувања, но се уште не е комплетирана првата рунда.
Ohridnews