Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во ТОП 8 на турнирот во Акапулко совладувајќи го Хуан Мартин дел Потро со пресврт во три сетови (4-6, 6-4, 6-4).


Ѓоковиќ и Дел Потро одиграа фантастичен натпревар кој траше цели 2 часа и 39 минути. Аргентинецот подобро го отвори дуелот и поведе со 1-0 во сетови. Изгубениот сет го отрезна Србинот кој прво изедначи на 1-1, а потоа го доби и вториот сет за победа.


За разлика од Ѓоковиќ, Рафа Надал забележа лесна победа во два сетови (6-1, 6-1) над италијанскиот тенисер Паоло Флоренци кој не доби никаква шанса за нешто повеќе.


Во четвртфиналните натпревари Ѓоковиќ ќе се сретне со Ник Киргијос, Надал со Јошито Нишиока, Американецот Џонсон со Чилиќ, а австриецот Тим со Кереј.

OhridNews