Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ со титула од завршниот мастер турнир во Лондон ја заокружи најуспешната година во неговата кариера. Српскиот тенисер во финалето со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) го совлада Рожер Федерер и го освои четвртиот трофеј по ред во англиската престолнина.
Популарниот „Ноле“ освои 11 титули годинава што e најплодна во неговата кариера и во историјата на тенисот воопшто.
– Не можеше да има подобар крај мојата сезона за паметење во тенисот. Најпрво да им се заблагодарам на мојата фамилија и навивачите без кои неможам да се замислам на ова место каде што се наоѓа сега. – рече Ѓоковиќ.
Следната сезона српскиот тенисер ќе ја започне од првата позиција на АТП листата додека Федерер од третата.
Мх.П.











