Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ со триумф на егзбицискиот турнир во Абу Даби ја започна новата 2015 година.


Србинот во полуфиналната пресметка го совлада Станислас Вавринка со 2-0 во сетови (6-1, 6-2) и се пласираше во финалето.

Таму популарниот „Ноле“ ќе се сретне со Енди Мареј, кој го преслуша Рафаел Надал во полуфиналето со 2-0 во сетови.

За шпанскиот тенисер ова беше прв меч откако се врати по подолгата пауза од повредата.

Мх.П.