Србинот Новак Ѓоковиќ и официјално е најдобриот тенисер во „белиот“ спорт за 2014 година.


Тој со трите последователни победи на завршниот АТП турнир во Лондон практично и теоретски го обезбеди првото место.

Трет тенисер, кој на своја кожа ја осети силата на „Ноле“ беше Чехот, Томаш Бердирх, кој беше среден во два сетови (6-2, 6-2).

Со оваа победа српскиот тенисер го осигура првото место во групата и ќе го чека второпласираниот од останата група во полуфиналето.

Мх.П.